МО на Русија: Соборивме две оперативно-тактички ракети од американско производство

од Stefanija Kuzmanovska

Министерството за одбрана на Руската Федерација денеска соопшти дека во последните 24 часа биле уништени две тактички ракети од типот ATACMS.

Инаку, ова е првпат овие проектили да бидат соборени откако ракетите влегоа во арсеналот на украинската армија.

„Во изминатите 24 часа, две оперативно-тактички ракети ATACMS од американско производство, противвоздушни ракети С-200 претворени за гаѓање копнени цели, како и две антирадарски ракети HARM и два ракетни система за повеќекратно лансирање HIMARS од американско производство биле пресретнати“, соопшти министерството за одбрана на Руската Федерација.

Слични содржини