МО на Русија: Уништени два украински дрона над московскиот регион

од Stefanija Kuzmanovska

Министерството за одбрана на Русија денеска соопшти дека два украински дрона се уништени над московскиот регион.

Едниот украински дрон е соборен од руската противвоздушна одбрана, а другиот е потиснат со средства за електронска борба, пренесува РИА Новости.

„Во 08:16 часот по московско време беше спречен обид на режимот во Киев да изврши терористички напад со помош на беспилотно летало. Украинското беспилотно летало беше навремено откриено и уништено од силите за противвоздушна одбрана над областа Истрана во московската област“, ​​се вели во соопштението.

Слични содржини