Модерна тврди: Нашата вакцина создава силен имунолошки одговор кај децата

од Nikola Popovski

Компанијата Модерна денеска соопшти дека нејзината вакцина создала силен имунолошки одговор кај младите луѓе и дека добро ја поднесуваат деца на возраст од шест до 11 години, врз основа на податоците од клиничката студија.

Компанијата изјави дека планира да испрати податоци до американските и европските здравствени власти, како и до агенциите за лекови во други земји, објави Ројтерс.

Модерна наведе дека податоците покажале дека две дози од 50 микрограми од вакцината, што е половина од дозата за возрасни, создаваат неутрализирачки антитела кај децата.

Несаканите ефекти биле благи или умерени, додаваат од компанијата.

Најчесто децата се жалеле на слабост, главоболка, треска и болки на местото на убодот.

Слични содржини