„Модерни сме“: Како Рики Мартин им објаснил на децата дека имаат двајца татковци

од Vladimir Zorba

Латино-sвездата Рики Мартин е во брак со сликарот Џван Јозеф три години. Тие имаат неколку заеднички деца, а пејачот неодамна раскажа како им објаснил на своите синови дека имаат двајца татковци.

Како што рече многу пати, тој отсекогаш сакал големо семејство, а во 2008 година, сурогат мајката роди близнаци кои еднаш го прашале дали биле во неговата матка.

„Бевте во моето срце и сè уште сте во моето срце“, им рекол пејачот на своите синови.

„Едноставно, тогаш го забележавме. Реков дека постои жена што ја обожавам и која ми помогна да ги донесам на овој свет. Го позајми својот стомак за да се родат тие“, објасни Рики.

Тој исто така им рекол на своите синови дека тие се вистинско модерно семејство.

„Многу луѓе ми велат дека моите деца се на насловните страници, а јас им велам дека тоа е затоа што сакам нашата ситуација да биде нормална. Сакам луѓето да гледаат во моето семејство и да мислат дека нема ништо лошо во тоа“, изјави Рики Мартин за американските медиуми.

Рики Мартин кажа дека е геј во 2008 година, како гостин на Опра Винфри.

Тој тогаш изјави дека чувствува голем социјален притисок да ја задржи сликата за „мачо човек“ во јавноста, и дека бил советуван од менаџерите да го чува приватниот живот за себе.

„Многумина ми рекоа: Рики, не вреди за твојата кариера, сè што си создал со текот на годините ќе се распадне, многу твои обожаватели не се подготвени да ја прифатат вашата вистина, вашата реалност, вашата природа“, рече тој во тоа време.

Слични содржини