Модриќ главен „виновник“ за нереализираниот пенал на Рамос

од Vladimir Zorba
116 прегледи

 

Голманот на хрватската фудбалска репрезентација Данијел Субашиќ кој го одбрани пеналот на Серхио Рамос при резултат 1:1 и е меѓу најзаслужните за победата на „коцкестите“ откри дека Лука Модриќ бил „виновникот“ за успешната интервенција во 72.минута.14665425582016-06-21t204650z-109543610-mt1aci14449240-rtrmadp-3-soccer-euro-cro-espjpg

Гледачите на тв преносот имаа можност да видат како Дарио Срна му шепнува на Субашиќ како да го брани пеналот на Рамос. По натпреварот, хрватскиот голман кажа дека Модриќ које е соиграч на Рамос во Реал Мадрид, од клупата сугерирал каде да брани, а пораката ја пренел  капитенот.

– Срна ми шепна дека Лука му рекол малку да почекам па да тргнам на мојата десна страна, изјави Субашиќ.

(Видео)Хрватска ја понижи Шпанија- 2:1

Хрватска на крајот победи со 2:1 и го освои 1.место во групата што значи условно полесен противник во осминафиналето