МОН нема да дозволи покачување на цените на кириите во студентските домови

од Nikola Popovski

Нема да дозволиме покачување на цените за сместување преку самоволие и непочитување на прописите, соопшти денеска Министерството за образование и наука, откако вчера организацијата Студентски отпор објави дека се зголемени месечните кирии во студентските домови.

МОН потенцира дека ниту еден студентски дом индивидуално не може да ја промени цената за сместување и на студентите избрани преку јавно објавени конкурси да им наплатува различен износ од утврдениот во Програмата. Доколку се утврди постапување спротивно на важечките акти, Министерството најавува дека ќе побара одговорност од директорите кои го направиле прекршувањето.

МОН потсетува дека согласно со Законот за студентски стандард, цената за сместување во државни студентски домови се утврдува со Програма за остварување и развој во дејноста на студентскиот стандард, која ја усвојува Владата. Притоа, стои во соопштението, МОН покрива 50 проценти од вкупниот износ на цената, која за 2023 година изнесува 6820 денари. – Така што, на студентите кои плаќаат партиципација, трошокот им изнесува 3410 денари месечно. Додека за најмногу 40 проценти од студентите, МОН го покрива целиот износ, доколку се работи за студенти со посебни потреби, деца без родители и родителска грижа, деца од семејства корисници на социјална парична помош…

Студентски отпор вчера соопшти дека во новата академска 2023/24 година студентите повторно се соочуваат со истите проблеми од претходните години, наведувајќи  дека  месечната кирија во студентските домови се зголемила на 3945 денари, трошоците за амортизација на 700 денари,….

Слични содржини