Моралес си поднесе оставка на претседателската функција во Боливија

од Vladimir Zorba

Боливискиот претседател Ево Моралес поднесе оставка, објави „Спутник“.

Ова доаѓа откако армијата на Боливија порано денес го повика да се повлече. Главниот командант на Боливија ја даде следната изјавата: „Откако ја анализиравме конфликтната внатрешна ситуација, ние бараме од претседателот да си поднесе оставка на неговиот претседателски мандат за да се одржи мирот и стабилноста за доброто на нашата Боливија“, им рече на новинарите генералот Вилијамс Калиман.

Ова доаѓа откако полицијата помина на страната на демонстрантите претходно оваа недела, кои протестираат со недели против реизборот за шефот на државата, које на власт од 2006 година.

Демонстрациите зедоа најмалку 3 жртви.

Потсетуваме дека, под притисок од незадоволство на јавноста, порано денес, Моралес објави дека ќе распише нови претседателски избори, откако меѓународните набудувачи ги ставија подпрашање резултатите од гласањето пред неколку недели.

„Повикувам на нови избори, така што народот на Боливија ќе може да ја избере својата нова влада со гласање“, објави тој.

На прес-конференцијата долгогодишниот лидер вети и дека ќе ги замени членовите на изборната комисија во земјата.

Меѓународната организација објави дека проверката на изборите на 20 октомври открила „јасна манипулација“ на изборниот систем и резултатите не можат да бидат потврдени.

„Манипулациите на компјутерскиот систем се во таковразмер, што мора да бидат истражени од Боливија и да се преземе одговорност за овој сериозен случај“, се вели во првичниот извештај.

Слични содржини