Мосад: Хамас не е заинтересиран за примирје пред Рамазан

од Vladimir Zorba

Израелската разузнавачка служба Мосад денеска соопшти дека Хамас не изгледа заинтересиран за прекин на огнот пред исламскиот свет месец Рамазан.

Во соопштението, освен тоа, се тврди дека Хамас се обидува да ги ескалира тензиите низ регионот пред Рамазан, „на сметка на Палестинците во Појасот Газа“, пишува „Џерусалим пост“.

„(Израел) е во контакт и соработува со сите посредници во секое време, како дел од континуираните напори да се затвори јазот во преговорите и да се постигне договор“, се вели во соопштението, објавено по средбата на шефот на Мосад, Дејвид Барни со неговиот колега од ЦИА. Вилијам Барнс..

Барнс го информирал Барни за последните случувања во Каиро, каде што конфликтните страни со помош на посредници преговараат за прекин на огнот и постигнување договор за ослободување на израелските заложници и палестинските затвореници од израелските затвори.

Слични содржини