Москва: Два проценти од граѓаните се заразени со коронавирус, најмала бројка во однос на другите светски градови

од Nikola Popovski

Според резултатите од истражувањето, вистинскиот број на заразени со коронавирус во Москва, изнесува два проценти (250 илјади граѓани) од вкупното население на рускиот главен град, изјави градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин.

Како што велат, во споредба со другите светски градови, таа бројка е најмала.

„Успевме да спречиме поширока инфекција, благодарејќи на дисциплината и мерките на самоизолација“, рече тој.

Според Собјанин, удвоен е степенот на откривање на оваа вирусна инфекција, што придонело навреме да се обезбеди одржлив капитал за граѓаните на руската престолнина.

„Бројот на потешко болни не е како што се очекуваше да биде. Сепак, заканата не застанува “, додаде тој.

Собјанин ја повикал руската престолнина да биде што е можно поодговорна кон режимот на самоизолација.

Официјално во Русија има вкупно 124.054 заразени, од кои 57.300 во Москва.

Слични содржини