Москва: Од делумната мобилизација се изземени вработени во одредени сектори

од Stefanija Kuzmanovska

Министерството за одбрана на Русија денеска соопшти дека вработените во одредени сектори не се вклучени во делумната мобилизација на населението.

Вработените во ИТ секторот, медиумите и организациите кои обезбедуваат стабилност на националниот платен систем и инфраструктурата на финансискиот пазар нема да бидат повикани во армијата, објави „Интерфакс“.

„Со цел да се обезбеди функционирање на одредени високотехнолошки индустрии, како и финансискиот систем на Руската Федерација, беше донесена одлука да не се повикуваат на воена служба граѓани со високо образование кои работат во организации од областа на информатичката технологија“, соопшти министерството за одбрана на Русија.

Слични содржини