Можно е до крајот на мај да се отворат рестораните за свадби

од Берта Китинска

„Верувам дека во разговорите кои ги имаме во рамките на Кризниот штаб, некаде кон крајот на мај треба да се дозволи и отворањето на рестораните за свадби имајќи го предвид и трендот на намалување на бројот на нови случаи“ изјави вчера Министерот за економија Крешник Бектеши, во гостувањето во „Клик Плус“ на ТВ21

Рестораните за свадби повеќе од една година се веќе затворени, не се дозволени свадби и други поголеми семејни веселби поради пандемијата. Во моментов се затворени и другите угостителски објекти поради третиот бран.

Меѓувреме угостителско-туристичката комора најави протест кој ќе се одржува секој ден пред министерството за финасии.

„Протестот ќе трае од 12 до 19 часот навечер и ќе продолжи секој ден до исполнување на нашата барања. Бараме средба со премиерот Зоран Заев, каде јасно ќе му ги пренесеме нашите приоритети. Протестите се во организација на рестораните за организирање настани, а-ла карт рестораните, дискотеките, туристичките агенции и игротеките“, изјави утрово Перица Голомеиќ, претставник на Угостителско-туристичката комора.

Слични содржини