Мртов планинар пронајден на Пелистер

од Vladimir Zorba

Телото на планинарот А.С. е пронајден денеска на планината Пелистер, соопшти Центарот за управување со кризи.

Постар планинар од Скопје бил пронајден во близина на ловечки дом, на надморска височина од околу 2.000 метри.

Од Центарот соопштија дека се обидуваат да дојдат до телото на мажот и да го пренесат на првото место каде што може да се приближи екипа на Итна помош, бидејќи теренот е непрооден, бидејќи на планината има снег.

Истрагата ќе ги утврдува причините и околностите за смртта.

Слични содржини