Му дале 48 часа на министерот за здравство да одреди датум за вакцинација

од Stefanija Kuzmanovska

Врховниот суд на Бразил во неделата му даде на министерот за здравство на земјата 48 часа да одреди датум за почеток на вакцинацијата против коронавирус, пренесува Ројтерс.

Десничарската влада на претседателот Жаир Болсонар е критикувана од државните гувернери и експертите за јавно здравје заради неподготвеноста да се справи со пандемијата.

Првичната цел е да се вакцинираат 51 милиони луѓе или една четвртина од населението, во првата половина на 2021 година, давајќи им приоритет на најранливите, како што се здравствените работници и старите лица.

Слични содржини