Муареми: Градоначалникот на Петровец и неговиот брат испрале над половина милион евра од општината

од Nikola Popovski

Денес заедно со заменик-претседателот на Владата за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски одржавме заедничка прес-конференција, на која ја информирав јавноста за поднесената кривична пријава против 5 физички и 3 правни лица за сторени повеќе кривични дела со кои е оштетен Буџетот на Општина Петровец, соопшти директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми.

Според Муареми, првопријавениот е одговорно лице во Општина Петровец, градоначалник во периодот од 2009 година до денес, второпријавениот е во својство на вистински сопственик и овластен потписник на банкарските сметки на пријавениот правен субјект „АЦЕ ТРАНС КОМПАНИ“ ДООЕЛ Скопје и правниот субјект „ЛЕОМА ТРАНС“ ДОО Скопје, третопријавениот е во својство на инжинер за надзор, четвртопријавениот е во својство на сопственик и управител на пријавениот правен субјект „СМ БАУ“ ДОО и овластен потписник на банкарските сметки на пријавениот правен субјект „ЧОЛА ТОП“ ДООЕЛ Батинци, и петтопријавениот е во својство на управител на пријавениот правен субјект „АЦЕ ТРАНС КОМПАНИ“ ДООЕЛ Скопје.

Според информациите станува збор за актуелниот градоначалник на Општина Петровец, Борче Митевски, неговиот брат и уште три други лица се осомничени дека во период од 2012 до 2018 сториле повеќе кривични дела со кои го оштетиле општинскиот буџет и се стекнале со 31 845 470 денари (околу 518 000 евра).

-Со фиктивни фактури, општински пари биле уплаќани на сметки на фирми чии вистински сопственик е братот на градоначалникот, информира Муареми и додаде:

-Исто така, на мое големо задоволство, ги презентирав резултатите од успешно спроведената оперативна обработка, со која како Управа за финансиска полиција до сега успеавме во Буџетот на Република Северна Македонија да вратиме парични средства во износ од 85.565.379 денари.

Слични содржини