Мурињо направи „сеча“ во Рома, нема да смета на неколку звучни имиња

од Vladimir Zorba

Жозе Мурињо го одработи својот прв тренинг со Рома во Тригорија откако беше официјално претставен како нов тренер на „Волчицата“.

По првиот тренинг пристигна списокот на поканети играчи за подготовки, а Мурињо веќе прецрта неколку звучни имиња.

Португалскиот стручњак реши да не смета на Педро, Фацио, Пасторе и Сантоне.

Голмани: Бур, Кардинали, Фукато

Одбрана: Калафиори, Фератовиќ, Ибанез, Карсдорп, Кумбула, Манчини, Рејнолдс, Смолинг

Среден ред: Бове, Дарбое, Дијавара, Михитаријан, Пелегрини, Перез, Провиденс, Трипи, Веретаут, Виљар, Заниоло, Залевски

Напад: Кјерво, Џеко, Ел Шарави, Мајорал

Инаку, првиот натпревар на Рома ќе се одигра на 15 јули против нисколигашот Монтекатини, а три дена подоцна ќе следи натпреварот против второлигашот Тернана.

Слични содржини