Муслиу: Одбиените лица од Пауновски мора да бидат вработени, тоа е одлука на влада и мора да се почитува

од Viktor Jovanov

Одбиените лица од страна на екс директорот на ДПИ Стојко Пауновски мора да се примат на работа, тоа е одлука на Влада. Тука нема дискусија и нема дилеми. Јас да сум еден од нив би ја тужел државата затоа што ме држела 5 години и не ми давала да напредувам, изјави политичкиот аналитичар Алберт Муслиу за ТВ24.

-Може да се одбијат ако е против законски, ако се кршат правила, но не ако не почитуваш некоја хиерархија која е поставена и така мора да функционира. Замислете кога сите инспекторати, дирекции не би почитувале одлуки на Влада. Функционерите се должи да ги почитуваат и секогаш имаат право доколку не им се допаѓа работното место, да напуштат, вели Муслиу.

Тој додава дека е подобро да се вработат да се стават во системот отколку да земаат плата и ништо да не работат.

Слични содржини