Муцунски прогласи победа во Аеродром

од Берта Китинска

Преку оваа денешна објава со сите вас го споделувам чувството на задоволство и радост за големата победа која ја извојувавме заедно и со силна верба во една поубава и просперитетна иднина, напиша на својот Фејсбук, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски за Аеродром.

„Упатувам благодарност и кон другите кандидати и конкуренти во трката за градоначалник на општината Аеродром, за нивниот вложен труд во текот на кампањата, за активното учество во политичките дебати и понудените идеи и проекти. Како во текот на кампањата така и денес кон моите политички противници гледам здрава и силна конкуренција и натпреварувачи на кои заедничката цел им е обезбедување на поубав, поквалитетен и просперитетен живот во нашиот простор на заедничко живеење. Затоа, им посакувам успех во извршувањето на нивните сегашни и идни професионални задачи“, напиша Муцунски на Фејсбук.

Додека Државната изборна комисија сукцесивно ги објавува резултатите на својата веб страница, партиите и од власта и од опозицијата прогласија победа.

Од 69,89% отсто обработени гласови во општина Аеродром, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски има освоено 56,52% отсто од гласовите или 13.045 гласови, додека неговиот противкандидат од СДСМ, Александар Филиповски 25,54% или 5.894 гласови.

Слични содржини