Утрово уапсен е Мухамед Мети Сејдини, поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија. Тој се сомничи за проневера на 700.000 евра, пари од УЕФА доделени на ФФМ за поддршка и изградба на трибина на стадионот во Охрид.
Неофицијално, со доаѓањето на новото раководство на ФФМ, увидени се злоупотреби и истите се пријавени до МВР.
Акцијата ја спроведува МВР во соработка со Јавното Обвинителство. Се наведува дека подолго време старото раководство на ФФМ беше производ на скандали кои утрово завршуваат со апсења.
Повеќе детали од МВР и Обвинителството се очекуваат во текот на денот.
ФФМ на 6 февруари годинава соопшти дека нејзината Дисциплинска комисија му изрекла казна на екс-претседателот Сејдини во врска со авансна исплата во износ од околу 700 000 евра кон фирма изведувач задолжена за изградба на трибина на охридскиот стадион „Билјанини извори“. На Сејдини, како што информираа тогаш од ФФМ, му била изречена дисциплинска мерка забрана за вршење функција во траење од две години како делегат на Собранието на ФФМ, а поради сторено дејствие измама и доведување во заблуда орган на Фудбалската организација, согласно член 84 од Дисциплинскиот правилник.