МВР извршило проверки кај 390 лица под лекарски надзор и 1.267 лица во самоизолација

од Aleksandar Todeski
379 прегледи

Синоќа се контролираше недозволено собирање на граѓани за кои имавме информации дека не се почитува одлуката на владата. Секторите за внатрешни работи ќе бидат појачани со припадници на Единицата за брзо распоредување за поефикасно спорведување на мерките на владата, рече техничкиот министер Наќе Чулев.

„Во изимнатите два дена, евидентирани се 59 мејлови и 402 телефонски повици, а се прашува за транзитирање низ земјата, функционирањето на граничните премени. Се јавуваат и здравствени установи. Ги повикувам граѓаните да се јавуваат и да пишуваат мејлови за да пријавуваат непочитување на одлуките на владата, како и за непочитување на одлуките за функционирање на угостителските објекти“, рече Чулев.

Тој посочи дека МВР денеска извршило провекри кај 390 лица кои се под здравствен надзор, а 1,267 лица се во самоизолација, од кои 230 лица со решение за здравствен надзор и 1.000 лица во самоизолација во Скопје, две лица со здравствен надзор, а 99 во самоизолација во Велес, 17 лица со здравствен надзор и 190 лица во самоизолација во Тетово.

Во Штип се извршил надзор на 10 лица кои се под лекарски надзор и 246 лица во самоизолација. Во струмица, полицијата извршила надзор кај 11 лица со лекарски надзор и 172 лица во самоизолација, а во Битола кај 32 лица со лекарски надзор и 140 лица во самоизолација.

Министерот кажа и дека контрола се извршила кај шест лица со лекарски надзор и 221 лице во самоизолација кои се во Куманово и 82 лица со лекарски надзор и 205 лица во самоизолација од Охрид.

 

Слични содржини