Министерството за здравство тврди дека во изминатиот период немало претставки од пациенти за несакани ефекти од употреба на ботокси и филери со сомнително потекло.
-Во изминатиот период до Државниот санитарен и здравствен инспекторат не се доставени претставки кои се однесуваат на несакани ефекти од употреба на филери и ботокси кои биле со сомнително потекло, одговорија од Министерството за здравство на прашањето на „Локално“ дали се стигнати претставки по случајот во кој беа упасени повеќе лица за шверц и употреба на материјали за естетски операции.
Во акцијата на полицијата спроведена во Скопе, Битола и Струмица беа приведени повеќе лица зашверц со филери и ботокси, а межу нив има и лекари од скопските клиники и од градската општа болница 8 Септмеври. Шест од првидените завршија во притвор, на четворица им е одреден домашен притвор, а за останаите за кои Обвинителството бараше притвор одредени им се мерки на претпазливост.
Од Министерството за здравство не одговорија на прашањето дали ДСЗИ направил контроли во здравствените устаннови во кои се вршеле овие естетски операции и што утврдил.
-Согласно законската регулатива, апликација на филери и ботокси е дозволена во здравствени установи од областа на дерматологија, пластична и реконструктивна хирургија и орална хирургија, како и козмертички салони во кои има врботено дерматолог, изјавија од министерството за здравство.
Оттаму појаснуваат дека дозвола за увоз на филери и ботокси дава Агенција за лекови и медицински средства МАЛМЕД, кои вршат и надзор на препратите кои се користат, во однос на квалитет, состав, начин на набавка.
Лажните ботокси и филери бил набавувани од Србија, Кореја и Турција.
Е.Б.