НАЈГОЛЕМИОТ КОРУПЦИСКИ СКАНДАЛ ВО ЕУ: Објавена фотографија од кофер полн со пари

од Vladimir Zorba

Ева Каили, поранешната потпретседателка на Европскиот парламент, во вторникот беше разрешена од должноста откако белгиските власти ја обвинија за корупција.

Каили е меѓу четворицата уапсени и обвинети во Белгија минатиот викенд поради наводи дека Катар ги поткупил за да влијае на парламентарните одлуки.

Да потсетиме, за разрешување на осомничениот потпретседател гласаа 625 од 628 европратеници. Двајца воздржани, а независниот хрватски пратеник Мислав Колакушиќ беше единствениот кој гласаше против разрешувањето. За одлуката беше потребно двотретинско мнозинство.

Четворицата осомничени се обвинети за учество во криминална организација, перење пари и корупција.

Белгиската полиција соопшти дека при претресите во петокот била запленета голема сума пари, а претходно денеска сподели слика од речиси 1,5 милиони евра пронајдени „при претреси во бриселскиот регион“.

Неделава Европскиот парламент требаше да гласа за предлогот за продолжување на безвизното патување во Европската унија за Кувајт, Катар, Оман и Еквадор, но во понеделник претставниците одлучија да го одложат гласањето и да го вратат предлогот на надлежната парламентарна комисија.
Катарските власти ги отфрлија наводите за можни неправилности.

Каили негира дека добила пари од Катар, изјави еден од нејзините адвокати во вторникот во Грција.

Слични содржини