На „Мировниот фестивал“ исвиркан македонскиот јазик

од Vladimir Zorba

Фестивалот во чест на 21 годишнината од потпишување на Рамковниот договор започна со исвиркување на македонскиот јазик.

„Драги присутни, вечерва не собра песната, убавата песна која ќе не потсети на убавите мигови на животот, на младоста, љубовта, слободата, соништата“, беа зборовите по кои публиката почна со свирежи и извикувања, се гледа од видеата објавени на социјалните мрежи.

Синоќа на плоштадот Скендербег беше организирана забава којашто вицепремиерот Артан Груби, чие министерство беше иницијатор, ја оцени како „Полн погодок“, под наслов „Мировен фестивал“, а беше платена 100 илјади евра од буџетот на ова Министерство.

На прославата на плоштадот „Скендербег“ учеството го откажаа пејачите Владо Јаневски и Антонија Гиговска.

Слични содржини