На Нетфликс ги нема повеќе филмовите во кои глуми Џони Деп

од Stefanija Kuzmanovska

Филмовите во кои глуми холивудскиот актер Џони Деп повеќе нема да се прикажуваат на популарната платформа за стриминг Нетфликс во Америка и Австралија.

Имено, „Нетфликс САД“ и „Нетфликс Австралија“ одлучија да ги избришат од својот каталог сите филмови во кои оваа холивудска ѕвезда толкува улоги.

Причината за ваквата одлука наводно е судењето што се одржа оваа година помеѓу Џони Деп и неговата поранешна сопруга Амбер Херд и таблоидот The Sun.

Да потсетиме, Џони Деп го тужеше британскиот таблоид The Sun и неговиот извршен уредник Ден Вутон за клевета во написот од 2018 година, во кој тој го нарече „човек кој ја тепа својата сопруга“, а со овој случај се занимаваше Високиот суд во Лондон.

Деп ја загуби оваа правна битка вредна два милиони долари. По овој пораз следеше уште еден во кој ја загуби улогата во „Фантастични ѕверови“.

Слични содржини