На петок 13-ти добил повеќе од милијарда долари на лото

од Nikola Popovski

Добитната комбинација на броеви извлечена во петокот на 13-ти јануари ја погоди лице од американската североисточна сојузна држава Мејн и на тој начин освоил 1,35 милијарди долари, објави организаторот „Mega Millions“.

Идентитетот на победникот не е познат, но само едно лице погодило шест победнички бројки, што го прави втор случај во историјата на „Mega Millions“ да биде освоена толку голема сума по добиените 1,53 милијарди во 2018 година.

„Ова е четврта добивка од најмалку една милијарда долари во историјата на Mega Millions“, изјави директорот Пет Мекдоналд.

За извлекувањето на петок 13-ти, кое е парадоксален суеверно несреќен датум, 14 луѓе во 10 различни американски држави погодиле пет добри бројки – 30, 43, 45, 46, 61.

Слични содржини