На „Сантијаго Бернабеу“ нема луѓе, ама има пингвини (ФОТО)

Фудбалерите на Реал Мадрид веќе некое време ги играат своите натпревари на помошниот стадион во шпанската престолнина. Причината за тоа е реновирање на славниот „Сантијаго Бернабеу“. Работата на величествената зграда е во полн ек, па се очекува „кралскиот“ клуб да ја започне следната сезона на своето главно игралиште.

Сепак, „Бернабеу“ беше главна тема претходните денови на социјалните мрежи. Не поради најавеното завршување на работите или некоја фотографија од стадионот, туку поради нешто сосема неверојатно. Имено, на едно видео се гледа како двајца пингвини шетаат низ трибините на новиот стадион.

Многумина се прашуваа за што станува збор и како животните што живеат на Јужниот пол пристигнаа во Мадрид, на стадионот Реал. Официјалното објаснување сè уште не пристигнало, но се смета дека станува збор за одлична монтажа или за некаква реклама. Видеото брзо стана вирално и го погледнаа повеќе од 2.200.000 луѓе

Слични содржини