На српски репрезентативец му се заканува 6 месеци затвор

од Stefanija Kuzmanovska

Поради еден потег сериозно би можел да настрада еден од најдобрите фудбалери на Србија, Лука Јовиќ.

Првото основно јавно обвинителство поднесе обвинение до Првиот основен јавен суд во Белград против српскиот репрезентативец и ас на Реал Мадрид, Лука Јовиќ (23) поради сомневање дека не се придржувал до мерките за сузбивање и спречување на ширење на коронавирусо во Белград овој март.

Имено, во тоа време, Јовиќ не постапил според одлуката на санитарната инспекција на Министерството за здравство, кога по пристигнувањето од Мадрид му беа изречени две недели домашна изолација.

Во тој момент Шпанија беше епицентар на вирусот и најголемото жариште на светот, а осомничен е дека сторил кривично дело непочитување на здравствените регулативи за време на епидемијата, затоа што го напуштил своето место на живеење во периодот на задолжителна изолација на куќата, а во неговиот стан било пронајдено уште едно лице.

Слични содржини