Турските новинари Џан Дундар и Ердем Ѓул се обвинети за шпионажа откако објавиле дека турските тајни служби испраќале оружје за исламските бунтовници во Сирија.

Доколку бидат прогласени за виновни, на Дундар, кој е главен уредник на весникот Џумхуријет и на Ѓул, шеф на редакцијата на истиот весник во Анкара им се заканува доживотна робија.

25829golema
Нивните написи и видео- снимката предизвикаа вистинска политичка бура во Турција, поради што турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган поднесе тужба против весникот.

Во текстовите тие напишаа дека камионите што ги корити тусклата разузнавачка служба МИТ билем користени за пренос на оружје за исламистичките бунтовници во Сирија, додека видео снимката, објавена заедно со извештаите, наводно покажува како турски полицајци ги пресретнуват камионите и откриваат сандаци со оружје.

Турската Влада тврди дека камионите пренесувале помош за туркменистанското малцинство во Сирија, а Ердоган предупреди дека „авторот на приказната скапо ќе плати“.

Дундар и Ѓул освен што се обвинети за шпионажа, се товарат и за помагање на движењето на Фетула Гулен, своевремено близок соработник на Ердоган, чие движење сега во Турција се смета за терористичка организација.

 

Слични содржини