На воен институт направени тестови на „перуанските вонземјани“ – резултатите предизвикале ХИСТЕРИЈА

од Vladimir Zorba

Откако Хаиме Маусан (70), таканаречен експерт за НЛО, неодамна откри две „нечовечки“ тела, група лекари ги тестираа нивните примероци како дел од истрагата за нивната автентичност. „Сан“ сега пишува дека рендгенските тестови и томографијата на „вонземјаните“ покажале дека со споменатите тела не биле манипулирани на никаков начин.

Хозе де Хесус Залче Бенитез, директор на поморскиот институт што ги спроведе тестовите, рече дека „телата не биле составени или манипулирани“.

– Сè му припаѓа на еден скелет кој не е поврзан со други делови – изјави тој.

Овие нови резултати се сосема различни од претходните, според кои телата се вештачки направени од животински или човечки коски. Некои академици и археолози дури сугерираат дека се работи за антички остатоци од мумифицирани луѓе.

Да потсетиме, минатата недела на предавање за НЛО во Мексико, Маусан претстави два мумифицирани примероци извадени од рудник во Куско, Перу. Според него, телата – кои имаат раце со три прста и чудни издолжени черепи – се стари повеќе од 1.000 години.

Бесни официјални лица во Перу во меѓувреме започнаа истрага против „вонземјанскиот професионалец“, а сега тој се соочува со кривична пријава за наводно кражба на бизарни тела. Иако Маусан тврди дека не направил ништо незаконско, тој не одговори на прашањето како првично мумифицираните примероци завршиле кај него и не сакаше да каже како стигнале до Мексико Сити.

– Овие тела немаат човечка ДНК и дефинитивно не се дел од нашата земна еволуција. Пронајдени се во рудници, покриени со наслаги од силикозни алги, а подоцна се фосилизирани – сведочеше под заклетва таканаречениот експерт за НЛО, кој на телата дури им даде имиња – Клара и Маурицио.

Телата, наводно, биле проучувани од научници од Автономниот национален универзитет во Мексико (УНАМ), кои успеале да извлечат докази за ДНК користејќи радиојаглеродно датирање. Во споредба со друга ДНК, повеќе од 30% од нивниот генетски состав наводно е „непознат“.

Пријателот на Маусан, мексиканскиот политичар Серџо Гутиерез Луна, рече дека верува дека сослушувањето за НЛО може да доведе до донесување на „закон за неидентификувани летечки објекти“. Но, поранешниот вработен во Министерството за одбрана, Ник Поуп, со големо неверување го примил откривањето на наводните трупови на вонземјани.

– Би сакал ова откритие да биде вистинито, но станувам се поскептичен во врска со оваа приказна… Доколку УНАМ навистина направеше толку детална анализа, веројатно ќе беше објавена во рецензирано списание. Да бев научникот кој стои зад ова, сега ќе фантазирав за Нобеловата награда и ќе размислував за моето место во историјата. Би напишал научен труд и би сакал да го објавам во престижно списание – заклучил Ник Поуп.

Слични содржини