Над 12.000 граѓани користат флаширана вода за пиење, покажуваат резултатите од пописот

од Nikola Popovski

Четвртиот сет на податоци од Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021, објавен од Државниот завод за статистика покажуваат дека според начинот на снабдување на домаќинствата со вода за пиење, над 91% од населението користат вода од јавен водовод, додека над 12 илјади граѓани 2.14% домаќинства користат купена вода за пиење од шише.

Од вкупно 598.632 домаќинства, најголемиот дел или 547 .114 имаат вода во станот со приклучок од јавен водовод, 1 674 имаат чешма во дворот приклучена на јавен водовод, 567 имаат вода од улична чешма со вода од јавен водовод.

Околу шест проценти од домаќинствата во земјава користат вода од посебен извор. Најголемиот дел од нив 24.229 имаат вода во станот со приклучок на сопствен хидрофор, 4.830 користат вода од копан бунар, 4.720 вода од улична чешма со вода од посебен извор, 1.835 имаат вода од дупчен (цевчест) бунар, додека 510 користат вода од цистерна без филтер, а 311 вода од цистерна со филтер.

Слични содржини