Над 14 илјади лекари и 28 илјади медицински сестри си заминале во Европа

од Vladimir Zorba

 

Над 14 илјади лекари и 28 илјади медицински сестри ја напуштиле Романија во периодот 2009-2015 година, пишува денеска весникот „Путерја“, кој се повикува на изјавата на претседателот на гранковиот синдикат, Виорел Хушану. 

Во Романија во моментов има околу 14 илјади лекари, кои работат во локалниот здравствен систем, а толкав е и бројот на оние зад границите, посочи синдикалниот лидер и додаде дека изминатите две години истекувањето на медицинските кадри зад границите е намалено, откако лекарите почнале да бидат задоволни од тоа што им го нуди Романија.

Според Хушану високиот степен на политизирање, кое почнува од директорите на болниците до шефовите на одделенијата, заедно со недоволното финансирање на секторот и натаму се главни проблеми во здравствениот систем на Романија.

Слични содржини