Најавени кривични за инволвираните во реконструкцијата на Али-пашината џамија во Охрид

од desk4

Здружението на граѓани „Совест“ од Охрид, денеска, најави дека ќе поднесе кривични пријави против сите субјекти инволвирани во реконструкцијата на Али-пашината џамија во центарот на градот.

Од Здружението посочуваат дека покрај нивните укажувања надлежните институции со непреземањето соодветни активности за спречување на нелегалните градежни активности стануваат соучеснци во криминални дејствија. Тоа произлегува од фактичката состојба на терен каде, според „Совест“ наместо реставрација и конзервациаја се извршуваат градежни рааботи за кои нема дозвола ниту една институција.

Тие го прозваа и министерот за култура Роберт Алаѓозовски, со зебелешка дека, иако јавно најави дека Министерствто ќе ги стопира градежните работи, до овој момент ништо не презел во таа насока.

 – Оваа неактивност на министерот зачудува, бидејќи и тој има информации дека со големи количества бетон се покриваат остатоци на темели на ранохристијанска црква и базилика со значајни мозаици. Здружението „Совест“ веќе не верува на непоткрепени и неисполнети ветувања и затоа ќе поднесеме соодветни кривични пријави. Ќе побараме и решение за привремено стопирање на градежните работи и соодветна стручно-инспекциска акција, за утврдување на пречекорувањата во процесот на интервенција за обнова на Али пашината џамија, а за тоа благовремено ќе ја известиме јавноста во наредните денови, стои во соопштението од „Совест“.

Уште при првото појавување пред јавноста од Здружението „Совест“ реагираа на начинот на кој се врши реставрацијата на Али-пашината џамија во Охридската чаршија. Тие тогаш се произнесоа дека немаат ништо против конзервирањето на џамијата како објект од посебна историска важност заштитен со закон, но оти се спротивстававуваат на менувањето на изгледот на објектот, неговата околина, како и планот за изградба на 32-метарско минаре во центарот на Охрид.

Тогаш тие своите забелешки ги адресираа до сите надлежни институции очекувајќи од нив да не ја префрлаат одговорноста меѓу себе туку веднаш да преземат соодветни мерки согласно законската регулатива за исправање на состојбите и стопирање на сите градежни активности за кои нема дозвола.

Слични содржини