Најголемата ковид-лабораторија во ЕУ сега може да анализира 800.000 ПЦР тестови дневно

од Nikola Popovski

Најголемата ковид-лабораторија во Европа, „Lifebrain“ во Виена, значително го прошири својот капацитет за анализа на ПЦР тестови. Неодамна се отворени два нови павилјони, па лабораторијата сега може да анализира 800.000 ПЦР тестови дневно.

Капацитетот на лабораторијата вклучува и тестови спроведени во виенските основни училишта, ПЦР тестови во Салцбург, тестирање во бројни аптеки во Долна Австрија и тестови во компаниите, пишува Данас.

„На почетокот на 2020 година, Виена одлучи на офанзивна стратегија за ПЦР тестирање. На овој начин, можеме да идентификуваме позитивни случаи во раните фази на инфекцијата пред да се формираат поголеми кластери и да обезбедиме точно и опсежно следење на вирусот“, рече Питер Хакер, член на Градскиот совет задолжен за здравство.

На почетокот на декември почна да се работи на два нови павилјона. Едниот павилјон е опремен со 55 уреди за автоматско пипетирање и 84 уреди за анализа на ПЦР тестови, додека другиот павилјон е наменет за подготовка на примероците.

Во претходните два месеци беа вработени и обучени над 500 нови работници, а отворени се уште 250 работни места кои треба да се пополнат во следните две недели. „Lifebrain“ моментално вработува 1.700 луѓе.

Слични содржини