„Најлош бран на епидемијата уште од Вухан“: Сите летови од Нанџинг ќе бидат прекинати

од Stefanija Kuzmanovska

Епидемијата на ковид -19 се прошири од кинескиот град Нанџинг до Пекинг и пет други провинции, а државните медиуми веруваат дека ова е „најлош бран на епидемијата уште од Вухан“ – градот каде што за прв пат беше регистрирана инфекција со корона вирус.

Најмалку 200 луѓе се заразија со коронавирусот, откако првиот случај на инфекција во Нанџинг беше откриен на аеродромот на 20 јули.

Сите летови од Нанџинг ќе бидат прекинати до 11 август, пишува „Глобал тајмс“, повикувајќи се на неименуван извор.

Официјалните лица ги искористија критиките за да започнат со тестирање на населението во градот, а „Синхуа“ пренесува дека сите 9,3 милиони жители на градот, вклучувајќи ги и посетителите, ќе бидат тестирани.

Официјалните лица веруваат дека новиот бран на епидемијата е поврзан со делта сојот на коронавирусот и дека се проширил понатаму бидејќи бил откриен на прометниот аеродром, објави Би -Би -Си.

Тестирањето покажа дека инфекцијата се проширила во најмалку 13 градови, вклучувајќи ги Ченгду и Пекинг.

„Глобал тајмс“, сепак, забележува дека се верува дека новиот бран е во рана фаза и може да се стави под контрола.

Слични содржини