Најлошиот шеф воопшто? Отпуштил 900 луѓе пред Божиќ на состанок преку Зум

од Nikola Popovski

Вишел Герг, извршниот директор на „Better.com“, компанија за хипотекарни заеми, обвини 900 работници на состанок преку Зум дека малтретирале клиенти, а потоа ги отпуштил сите.

„Ова не е новост што ќе сакате да ја слушнете. Ако сте пристуни на овој состанок, вие сте дел од несреќна група која е отпуштена. Вашето вработување овде завршува веднаш“, рече Герг на почетокот на повикот.

Со овој потег тој отпуштил околу девет отсто од работниците, три недели пред Божиќ.

Тој им порачал дека „пазарот се променил“, што значи дека се потребни големи намалувања на работната сила во компанијата во вредност од седум милијарди долари.

Лут работник го снимил повикот и го споделил на интернет. На видеото се гледа како работниците го пцујат директорот.

„Е*и се човеку. Мора да се шегуваш со нас“, рекол неидентификуван работник.

Герг потоа напиша на социјалните мрежи дека најмалку 250 отпуштени луѓе во просек работеле само два часа дневно и дека краделе од клиенти.

Инаку, Герг е познат по своите потпалувачки изјави. Во интервју за „Фортјун“, тој еднаш се закани дека ќе го закачи својот поранешен деловен партнер за ѕид и ќе го запали жив. Сепак, овој пат тој беше малку посимпатичен на почетокот на средбата, велејќи дека сето тоа му било тешко.

„Ова е втор пат во мојата кариера да го правам ова и не сакам да го правам тоа. Последен пат кога го направив тоа, плачев. Овој пат се надевам дека ќе бидам посилен. Отпуштам околу 15 отсто од компанијата поради неколку причини: пазарни барања, слаба ефикасност и продуктивност“, им рекол тој на работниците.

Герг потенцира дека управниот одбор и инвеститорите на компанијата „целосно го поддржале“ укинувањето на работните места и начинот на кој е постапувано.

Герг го започнал бизнисот со инвестиција од само 30.000 американски долари, а до 2007 година прераснала во трговска компанија на јавен пазар што управува со заеми во вредност од повеќе од 300 милиони долари, што го прави еден од најголемите приватни заемодавци во САД, пишува „Дејли Меил“.

Слични содржини