Најмалку 20 загинати во Иран: Експлозии на церемонијата на годишнината од убиството на Касем Сулејмани

од Stefanija Kuzmanovska

Во две експлозии загинаа најмалку 20 луѓе, а десетици се ранети во близина на гробиштата во Иран каде се одржа церемонија по повод смртта на командантот на иранската револуционерна гарда Касем Сулејмани, објави „Ројтерс“, цитирајќи ги иранските државни медиуми.

Сулејмани беше убиен во 2020 година во напад со американски дрон.

Иранската државна телевизија извести за една, а потоа и за уште една експлозија за време на церемонијата во југоисточниот град Керман, наведувајќи дека најмалку 20 луѓе загинале.

Полуофицијалниот Nournews објави дека „неколку плински канистри експлодирале на патот што води до гробиштата“.

Иранските државни медиуми цитираа изјава на локален функционер дека „се уште не е јасно дали експлозиите биле предизвикани од боци со гас или терористички напад“.

Државната телевизија прикажа како спасувачите на Црвената полумесечина им помагаат на ранетите на церемонијата, каде што стотици Иранци се собраа да ја одбележат годишнината од смртта на Сулејмани.

Некои ирански новински агенции јавија дека најмалку 50 луѓе се ранети.

„Нашите тимови за брз одговор ги евакуираат повредените, но толпата ги блокира патиштата“, изјави за државната телевизија Реза Фалах, шеф на Црвената полумесечина во провинцијата Керман.

Слични содржини