Најмалку 25 загинати и над 20 повредени во гранатирањето пазар во Доњецк

од Radmila Tasevska

Бројот на загинати граѓани во гранатирањето пазар во Доњецк од страна на украинските сили е 25 лица, и најмалку 20 лица се повредени, објави шефот на Доњецката Народна Република Денис Пушилин на својот канал на Телеграм.

Претходно беше соопштено дека 18 загинале, а 13 се повредени.

„Во моментов е потврдена информацијата за 25 загинати. Повредени се уште најмалку 20 лица, од кои две деца се во тешка состојба… Меѓу нив има и тешко повредени“, се наведува во соопштението.

Доњецк  се наоѓа на околу 20 километри од линијата на фронтот.

Москва денеска го нарече нападот врз пазар во градот Доњецк, што е под контрола на Русија, „варварски терористички чин“ што ја покажува потребата од нејзина „специјална воена операција“ во Украина.

„Неонацистичкиот режим во Киев, со поддршка на САД и неговите сателити, уште еднаш изврши варварски терористички чин против цивилното население во Русија“, соопшти Министерство за надворешни работи на Русија.

Слични содржини