Најмалку петмина загинати во напад на Исламска држава во Ирак

од Milan1

Британските медиуми наведуваат дека нападот се случил во близина на селото Кара Салем.

Регионалното министерство за Пешмерга соопшти дека во нападот има жртви, но не прецизираше за колкав број станува збор.

Извор од ирачката полиција изјави дека безбедносните сили се мобилизирани да им помогнат на Пешмерга.

Во одделен напад во северен Ирак, милитантна група го зазеде селото Лухаибан. Двете села се наоѓаат во оддалечен регион за кој право полагаат и владата во Багдад и регионот Курдистан. Во оваа област Исламската држава редовно изведува вооружени напади.

Слични содржини