Најнов ковид-биланс: Повеќе оздравени отколку новозаразени пациенти

од Nikola Popovski

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа од 2.663 тестирања, регистрирани се 432 нови случаи на КОВИД-19.

Бројката по градови изнесува: Скопје – 142, Битола – 47, Прилеп – 31, Куманово – 22, Кавадарци – 19, Тетово, Велес и Кочани – по 18, Штип и Радовиш – по 12, Демир Хисар – 9, Гевгелија, Ресен и Делчево – по 8, Виница – 7, Гостивар, Неготино, Крива Паланка, Берово и Кратово – по 6, Охрид и Кичево – по 5, Струмица – 4, Крушево – 3, Македонска Каменица – 2, Богданци, Демир Капија, Пехчево и Дојран – по 1.

Регистрирани сe и 448 оздравени пациент од: Скопје – 186, Куманово – 42, Прилеп и Велес – по 26, Кавадараци – 21, Битола – 19, Кочани и Штип – по 16, Тетово и Крива Паланка – по 14, Кичево – 9, Пробиштип – 8, Неготино и Охрид – по 6, Гевгелија и Делчево – по 5, Демир Хисар и Струга – по 4, Кратово и Свети Николе – по 3, Радовиш, Гостивар, Берово, Струмица и Валандово – по 2, Ресен, Македонска Каменица, Богданци, Пехчево и Македонски Брод – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 1.418.655 тестирања на Ковид-19.

Слични содржини