Пред неколку дена списанието Forbes ја прогласи Кејти Пери за највисокоплатената жена во светскиот шоу бизнис. Повод за престижната титула е фактот дека 30-годишната пејачка има заработено 135 милиони долари за последните 12 месеци.978373bd8e5e38a25c1d3a04d1c00952

По тој повод изведувачката на хитот “Dark Horse” сними фотосесија за изданието и даде кратко интервју. Еве и неколку извадоци од него:

За својата империја: “Горда сум со својата позиција на шеф. Јас сум човек кој работи за свој бренд и компанија. Јас сум претприемач и тоа не ме плаши. Всушност нема ништо срамно во тоа да бидеш жена-шеф. ”

За насловната на Forbes: “Пред да ја прифатам понудата да бидам на насловната на Forbes, ми рекоа дека многу жени пред тоа се повлекле од овој предлог. Се прашував зошто го сториле тоа- веројатно си мислеле дека општествено гледано ќе изгледаат како премногу надуени жени кои се покажуваат со своето богатство. Јас сепак не разбирам зошто треба да сум скромна или смирена во случајот. Работам напорно и ги гледам плодовите на својот труд реализирани. Ова би требало да ги инспирира жените во светот. Ние треба да се гордееме со тешко заработените пари. ”

Видете ги фотографиите на Кејти за изданието во галеријата.

Слични содржини