Нападот во Ливерпул се подготвувал најмалку седум месеци, мотивот се уште не е познат

од Milan1

Емад ал-Свилмин пристигнал во Велика Британија во 2014 година, а потоа му беше одбиен азилот, по што преминалво христијанство.

Наводниот сторител на експлозијата што се случи во неделата во такси во Ливерпул, на северот на Британија, го подготвувал нападот „најмалку“ седум месеци, соопшти вчера британската полиција.

Антитерористичките сили го истражуваат минатото на Емад ал-Свилмин (32), барател на азил кој го прифатил христијанството, убиен во експлозија во неделата околу 11 часот пред женска болница, во времето на комеморацијата на воените жртви.

Таксистот кој го заклучил во возилото е полесно повреден.

Антитерористичката полиција соопшти дека Емад ал Свилмин изнајмил стан во Ливерпул во април и почнал да купува компоненти од експлозивната направа што ја донел во такси, се вели во соопштението на полицијата.

Слични содржини