НАСА организираше мисија за разбивање астероид

од Vladimir Zorba

Американската вселенска агенција НАСА во следните часови ќе внесе сонда на астероид како дел од мисијата Дарт, со цел да се види колку би било тешко да се спречи голема вселенска карпа да удри во Земјата, пренесе Би-Би-Си.

Необичниот настан ќе се случи на приближно 11 милиони километри од Земјата, на небесното тело познато како Диморфос. Агенцијата забележува дека карпата моментално не е на пат да удри на Земјата, ниту пак овој тест ќе ја испрати во наша насока.

Ударот е темпиран во 23:14 часот по Гринич, а телескопите ќе го набљудуваат оддалеку, вклучувајќи ја и новата супервселенска опсерваторија Џејмс Веб.

Дарт ќе испраќа слики на Земјата со брзина од една слика во секунда додека се движи кон својата цел, а она што првично ќе се појави како светлосна точка на сликите брзо ќе порасне за да го пополни целото видно поле, пред одеднаш да дојде до прекин на напојувањето, бидејќи леталото е уништено.

Меѓутоа, тоа не е крајот на приказната, бидејќи Дарт со себе носи италијански кубен сателит тежок 14 килограми, чија задача е да снима што ќе се случи кога Дарт ќе ископа кратер. Неговите снимки направени од безбедно растојание од 50 километри ќе бидат доставени до Земјата во наредните денови.

Слични содржини