НАСА симулираше удар на астероид на Земјата: „Ништо нема да преживее ако…“

од Vladimir Zorba

Експертите од американската НАСА и другите вселенски агенции ширум светот во април се соочија со загрижувачката можност, како што им беше кажано, мистериозен астероид, оддалечен околу 55 милиони километри, да се движи кон Земјата и да се удри за шест месеци.

Ситуацијата, сепак, е дел од вежба која симулира пристигнување и закана од астероид со цел да им помогне на американските и меѓународните експерти да практикуваат можен одговор на таквата ситуација, се вели во текстот објавен во „Бизнис инсајдер“.

Заклучокот донесен од научниците е дека ако астероидот биде забележан толку доцна, никој нема да може да стори ништо за да спречи судир со Земјата.

Експертите утврдија дека ниту една постоечка технологија не може да запре астероид оддалечен шест месеци од Земјата, и нема вселенско летало кое може да отстапи од својата орбита за толку кратко време.

Ако астероид како овој би се упатил кон Земјата, на научниците ќе им требаат години да најдат решение, а не месеци.

Пол Кодас, раководител на Центарот за истражување на НАСА, смета дека минимум за наоѓање решение и одговор на закана е пет години, додека астрономот од МИТ, Ричард Бинзел, вели дека ќе ни требаат најмалку 10 години да најдеме решение за ваква закана од вселената.

„Кога се соочуваме со вистинска закана од астероид, времето е најценетата стока“, изјави Бинзел за „Бизнис Инсајдер“.

Слични содржини