Насилство во Мексико: Убиени кандидати за градоначалници

од Симе Стоиков

Во Мексико, кандидатите за градоначалници, Ноа Рамос Феретиз и Алберто Гарсија беа убиени во одвоени напади.

Локалните медиуми објавија дека Ное Рамос Феретиз, кандидат за градоначалник на градот Сиудад Манта во северната држава Тамаулипас, бил нападнат со нож за време на изборната кампања. Од здобиените повреди тој починал.

Рамос Феретиз се кандидираше за реизбор за градоначалник на градот Сиудад Манта во име на коалицијата на опозициската Партија за национална акција (ПАН) и Институционалната револуционерна партија (ПРИ).

Алберто Гарсија, кандидат за градоначалник на градот Сан Хозе Индепенденсија во јужната мексиканска држава Оахака, беше пронајден мртов еден ден откако беше пријавен за исчезнат.

Државното обвинителство објави дека Гарсија бил пронајден претепан до смрт во близина на градот.

Смртта на Рамос Феретиз и Гарсија ги врати на дневен ред се почестите насилства врз политичарите во Мексико пред општите и локалните избори што ќе се одржат на 2 јуни.

Во Мексико, каде во секој изборен период се забележува зголемување на насилството врз политичарите, повеќе од 80 градоначалници се убиени од организирани криминални групи од 2006 година.

Банди во земјата им се закануваат на кандидатите за време на изборните периоди и користат насилство како средство за принудување на политичарите да соработуваат со нив.

Слични содржини