Натали Портман жестоко нападната: Лицемерка, смешна си!

Натали Портман на овогодинешните доделувања на Оскарите дојде облечена во наметка која привлече големо внимание. На работ на наметката биле извезени имињата на режисерките кои не беа номинирани за Оскар, а Натали смета дека требало да се најдат на таа листа.

„Сакав да им оддадам почит на суптилен начин“, рекла на прашање на новинарите зошто на нејзината наметка се испишани имињата Грета Гервиг, Лулу Ванг, Мелина Метсоукас, Каси Лемонс, Лорен Скафариа, Мариел Хелер и Алма Харел.

Во категоријата најдобар режисер оваа година беа номинирани само мажи. За време на 92 доделвања, оваа ситуација се повторила 87 пати.

Додека многумина го фалеле потегот на Натали, други укажувале на нејзиното лицемерие. Имено, Натали има продуцентска компанија, а меѓу режисерите на седумте филмови кои таа компанија ги снимила, само една е жена. Погодувате, Натали.

„Смешно е што Натали Портман ангажирала нула жени за режирање на филмовите кои ги снима нејзината компанија. Мислам дека снимила седум филмови и ангажирала мажи за нив. Холивудските лицемери се смешни“, порачуваат Твитер корисниците.

„Доста ми е од тој бел феминизам, особено кога Натали Портман има продукциска куќа која ангажирала само една жена режисерката – НЕА“, додал друг корисник.

Сепак, важно е да се нагласи дека сите тие филмови имаат силни женски ликови.

Слични содржини