НАТО ги зголемува патролите во Балтичкото Море

од Radmila Tasevska

НАТО денеска соопшти дека со сојузниците ги засилуваат патролите во Балтичкото Море по неодамнешното оштетување на подводната инфраструктура во регионот.

– Зголемените мерки вклучуваат дополнителни летови за надзор и извидување, вклучително и поморски патролни авиони, авиони на НАТО АВАКС и дронови. Флота од четворица ловци на мини на НАТО, исто така, е испратена во областа, соопшти Алијансата.

Портпаролот на НАТО Дилан Вајт рече дека алијансата продолжува внимателно да ја следи ситуацијата и останува во близок контакт со сојузниците Естонија и Финска и партнерот Шведска.

– НАТО ќе продолжи да ја приспособува својата поморска позиција во Балтичкото Море и ќе ги преземе сите неопходни чекори за да ги задржи сојузниците безбедни, се вели во соопштението.

Од саботажата на „Северен тек“ во септември 2022 година, НАТО ги засили патролите во близина на критичната подморска инфраструктура и промовираше технолошки иновации – вклучително и дронови – за подобро да открие каква било сомнителна активност.

Слични содржини