Националната гарда ќе остане во Вашингтон до средината на март?

од Stefanija Kuzmanovska

Бирото на Националната гарда планира да повика неколку илјади доброволци да останат на должност во Вашингтон до средината на март.

Официјалните лица на Гардата во четвртокот објавија дека приближно 15.000 војници на Националната гарда полека ќе се вратат во своите матични земји веќе овој викенд.

Изминатите две недели, силите на Гардата беа распоредени во Вашингтон за да ги поддржат сојузните служби во спроведувањето на федералните закони за време на инаугурацијата на претседателот Џо Бајден, по упадот на 6 јануари во американскиот Капитол.

Иако инаугурацијата помина без проблеми, Гардата продолжува да ги исполнува барањата на американската тајна служба и федералните агенции за спроведување на законот. Официјални лица изјавија дека околу 7.000 војници најверојатно ќе останат до крајот на јануари. А вчера беше разгледан план да останат околу 7.000 војници до 12 март, иако тие детали сè уште се во фаза на планирање, изјави за порталот „Милитери“ службеник на Националната гарда.

Слични содржини