Научни „факти“ кои погрешно се учат и пренесуваат

од desk4

Науката дава објаснување за многу нешта, но некои „факти“ ги прифаќаме како такви, без да се потрудиме да научиме и дознаеме нешто повеќе околу тоа.

Unsplash

Некои од таквите „факти“ всушност се целосни митови или пак, се погрешно интерпретирани и така пренесувани и во образовниот систем, но и во знаењата од т.н. општа култура.

Еве за кои факти се работи:

Ништо не се движи побрзо од светлината

Ова е точно само во идеални услови, односно во вакуум и во фиксиран систем на набљудување. Но, во други променети услови, дури и една желка би можела да биде побрза од светлината. Точно знаеме дека светот не постои во вакуум и дека има многу „пречки“ на патот на светлината кои ја намалуваат нејзината брзина. Ова тврдење, како што веќе кажавме, е точно само во изолирани лабораториски услови.

„Спутник“ е првиот објект направен од човечка рака, кој бил во вселената

„Спутник 1“ е лансиран од СССР на 4 октомври 1957. Но, вистината е дека се работи за првиот човечки направен објект кој служел за истражување на орбитата. Претходно повеќепати биле лансирани ракети со висок дострел кои излегувале од земјината атмосфера и потоа се враќале на површината на Земјата.

Стаклото е течност

Многумина од нас чуле дека стаклото е течност, а како доказ за тоа се „приложуваат“ старите прозорци кои се подебели на дното. Вистината зад ова е дека технологијата за изработка на стакло порано била далеку помалку софистицирана од денешната, површините биле полни со нерамнини, а подебелите делови се местеле надолу за да не предизвикаат кршење ако се наместат обратно.

Рибите се првите животни кои го напуштиле океанот

На сите ни е позната илустрацијата со која сликовито се прикажува еволуцијата. Вистина е дека водоземците еволуирале од одреден вид риба, но кога тоа се случило на копното веќе живееле инсекти, габи и растенија, односно првиот водоземец не дошол на пуста територија.

Вашето тело е целосно ваше

Вашето тело го делите со барем илјада други микроорганизми кои не би можеле да живеат без да постоите. Помислете само на цревната микрофлора која се наоѓа внатре во вашето тело, а потоа и на она што се случува на површината на кожата. Се работи за одреден вид симбиоза без кој не би можеле да постоите, така што вашето тело не е целосно ваше, барем не во буквална смисла.

Слични содржини