Навални бил принуден да слуша про-Путин пејач секое утро

од Vladimir Zorba

Опозиционерот и критичар на Кремљ, Алексеј Навални, кој отслужува повеќедецениска затворска казна, покрај претходните поплаки дека бил отруен, физички нападнат и лишен од соодветна медицинска нега, денеска изјави дека е принуден да слуша про-Путин пејач во 5 часот наутро секое утро.

Навални (47), поранешен адвокат кој стана познат пред повеќе од една деценија со исмејување на елитата околу рускиот претседател Владимир Путин и со обвинувања за масовна корупција, моментално е во затвор на околу 60 километри северно од Арктичкиот круг.

Осуден на затвор до 74-годишна возраст под обвиненијата за кои тврди дека биле измислени за да го спречат да влезе во политиката, Навални рече дека неговиот утрински режим сега се состои од слушање на руската национална химна пред да свири „Јас сум Русин“, патриотска песна од про-Путин пејач, кој се нарекува „Шаман“, пренесе Ројтерс.

Слични содржини