Не чека големо затоплување: Прашина и песок од Сахара доаѓа кон нашата територија

од desk2

Значително потоплата воздушна маса која веќе започна да продира од јужните географски широчини кон нашата територија освен што ќе донесе големо затоплување и голем пораст на температурите на воздухот сепак ќе донесе и мачнина како и спарина и тоа поради релативно високата влажност која ќе ја имаме во воздухот во текот на следниот период. Исто така ќе започне да се врши транспорт на прашина и на песок од Сахара кон нашата територија со што и атмосферата ќе биде позаматена, соопштува метеорологот Славчо Поповски.

Времето ќе биде сончево со умерена локална облачност а утре ќе биде и постабилно па така услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи ќе има само во планинските предели додека од недела попладне повторно растат условите за локален развој на нестабилна обланост проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер како и со услови за локална појава на град. Ќе дува јужен и југоисточен ветер кој особено во недела повремено ќе биде засилен по интензитет.

Нестабилност имаше и во изминатите 24 часа па така најмногу дожд наврна во Прилеп и тоа 11 л/м2.

Максималните дневни температури на воздухот највисоки ќе бидат во недела и ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени.

Слични содржини