Не личи на себе: Клои Кардашијан претера со операциите, таа тврди дека се е шминка (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Клои Кардашијан (35) има поголема самодоверба од кога било и може да се пофали со нејзината трансформација, но фановите се загрижени дека претерала со пластични операции и ја молат да престане со нив.

Додека некои нејзини следбеници коментираа за тоа како изгледа прекрасно, други беа загрижени затоа што Клои изгледа се помалку и помалку на себе и евидентно е дека таа претрпела бројни зафати на лицето.

Таа тврди дека ставала полнила во усните порано и дека може во иднина да претрпи некаква пластична операција, и цврсто негира дека го правела тоа досега. Но, како што се видливи нејзината промена на косата и драстичното губење на тежината, така се гледаат и корекциите на лицето.

View this post on Instagram

location: under bitches skiiiinnnnn 💋

A post shared by Khloé (@khloekardashian) on

Клои, според експертите, го стеснила носот, иако тврди дека се зависи од техниките за шминкање и контурирање. Нејзините образи се поцелосни и поизразени и има вештачки заби. Таа исто така ги средувала очните капаци додека веројатно постигнала потемен тен во солариумот. Но, реалити ѕвездата објаснува дека се зависи од шминкањето и таа убеди во тоа некои луѓе.

Патем, некои тврдат дека Клои ставила импланти во задникот додека таа вели дека е од многу вежбање. Покрај тоа, американските медиуми пишуваат дека и таа се подложила на зголемување на градите. Тешко е да се процени колку самата се поправила, но познато е дека во нејзиното семејство пластичната хирургија е нешто нормално. Имено, нејзината мајка Крис Џенер, сестрите Ким, Кортни и Кајли веќе правеа драстични промени.

Слични содржини